Прилеп
On-grid, кровна монтажа
Мај 2025

Погонот работи во една смена, со најголема потрошувачка помеѓу 9 и 17 часот – токму кога сончевото зрачење е највисоко. Кровот е од трапезен лим со ориентација југоисток и благ наклон, а хидроизолацијата беше нова, па секое пробивање не доаѓаше предвид.
Ја димензионираме централата според вистинскиот профил на потрошувачка од мерниот уред, а не според површината на кровот. Така целото производство се троши на лице место, без враќање во мрежата.
Централата произведува околу 54.000 kWh годишно и покрива над 70% од дневната потрошувачка на објектот. Проценетиот период на враќање на инвестицијата е под шест години, а системот има гаранција на изведба од пет години.


Соларен систем од 10 kWp со 15 kWh батерии и автоматско префрлање при прекин на мрежата. Куќата останува под напон и во зима.

Главен ормар од 630 A и четири подразводни ормари со фреквентни регулатори, изработени по проект и испитани пред испорака.
